-Одговорноста за овој пораз ја преземам на себе. Очекував силен противник, ова е искусна и воиграна екипа и тоа го покажа уште еднаш. Натпреварот го  загубивеме во нападот во прво полувреме. Брзавме  во нападот, шутиравме од неизградени позиции и примавме лесни голови во контранапад. Одбраната не функционираше од аспект на агресивноста, во таа наскоа имам замерка за моите играчи. Во првите минути игравме подобра одбрана отколку во другите две третини од натпреварот во кои не успеавме да најдеме начин да го сопреме Татран Прешов. Овој пораз е најголема шлаканица за мене како тренер, изјави тренерот на „црвено-црните“ Зоран Кастаровиќ по натпреварот.

Вардар во СЕХА лигата следниот натпревар го игра во сабота во Нови Сад против Војводина. /Извор: МИА/

Датум на објава: четврток, 03 октомври 2013 во 09:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар