Турновци одиграа одличен натпревар и малку фалеше да стигнат до чудо. Пред седум дена на Пољуд во Сплит македонскиот претставник  загуби со 2-1 , а вечерва успеа да остане непоразен и да стигне до реми од 1-1, ако Блажевски во финишот реализираше една од своите две стопроцентни прилики Хоризонт и Хајдук ќе играа продолженија.

По првите 45 минути без голови, Хајдук во 60 минута ја казнува грешката на одбраната на Турново и поведе со  1-0 со голот на Цакташ.
Но Хоризонт брзо враќа и во 72 минута преку резервистот Сашко Пандев израмнува на 1-1.

До крајот на средбата Блажевски на двапати сериозно го загрози голот на Калиниќ, но немаше промена на резултатот, гостите од Сплит поради триумфот на Пољуд од 2-1  на крајот  заслужено патуваат во следното  квалификациско коло од ЛЕ. 


Датум на објава: четврток, 25 јули 2013 во 20:02
Крсте Галевски

коментари

остави коментар