Јаневски упати пофални зборови и на адреса на домаќините кои и покрај тешките услови успеаа да го организираат натпреварот.

- Морам да ги пофалам домаќините за добрата организација, во вакви услови за игра кога снежната покривка правеше проблем одигравме меч кој може да се нарече вистинско дерби. Се мина коректно и фер, со неколку исклучоци, кои беа во граница на дозволеното. И двата тима имаа добра игра, периоди во кои можеа да го отворат резултатот. Први поведовме и имавме одлична шанса со втор погодок да го решиме дербито во наша корист. Не го сторивме тоа и се повтори непишаното фудбалско правило, па примивме гол. Шкендија останува со осум бодови предност, но со ваква игра, залагање и борбеност ќе конкурираме за титулата докрај,  наведе Јаневски.

Есенскиот лидер Шкендија и актуелниот првак Вардар одиграа нерешено во дербито на 19. коло. Шкендија по овој резултат останува лидер на табелата во осум бодови предност./МИА

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 18:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар