По скоковите од малата (90-метарската) скокалница Френцел беше на петтата позиција, но заостатокот го надополни во трката на 10 км. и на крајот победи со време 24:51.4 минути.

Сребрениот медал е за Јапонецот Акито Ватабе кој комбинацијата ја заврши со време 24:56.2 минути.

На победничкиот подиум место си обезбеди и трето пласираниот Лукас Клафер од Австрија со резултат 25:09.5.

Најдобрите двајца по скоковите Франц-Јозеф Рехл од Австрија (112 метри) и Јари Магнус Рибер од Норвешка (111 метри) останаа без медал по слабите резултати во крос-кантри трката.

Следното натпреварување во нордиска комбинација на програмата е следниот вторник кога ќе се скока од големата скокалница. 

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 11:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар