Вајт беше највисоко на победничкиот подиум и на Олимпијадите во Торино 2006 и во Ванкувер 2010 година.

Американецот до златото дојде со освоени 97,75 бода во третата серија, пред Јапонецот Ајуму Хирано кој оствари најдобар резултат 95,25 бода во втората серија. На трето место се пласира Скоти Џејмс од Австралија со 92 бода – резултат остварен во првата серија. 

Датум на објава: среда, 14 февруари 2018 во 09:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар