- Сакам да одам во Париз. Таму, луѓето навистина ќе ме сакаат. Французите ќе бидат толку задоволни дека играм во нивното првенство, што медиумите ќе направат кампања во моја корист за да ја освојам „Златната топка“, напишал Роналдо во порака до Перез, откако побарал повисока плата.

По оваа СМС, првиот човек на „кралскиот“ клуб се сретнал со Португалецот и му рекол: „Најди клуб кој ќе плати 200 милиони евра за тебе, а со тие пари ќе ја платам клаузула во договорот на Меси, кој ќе те замени“.

Се разбира, друга тема е дали Меси би прифатил трансфер во Реал во тоа време, кога Барса доминираше во Европа./МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 20:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар