Меси започна како стартер во 33 од 39 средби за Каталонците во сезоната досега, а само во три дуели од кралскиот Куп тој доби пауза.

- Се надевам дека нашите фудбалери ќе бидат на нивото, што го прикажуваат во моментов за клупските тимови. Серхио Агуеро е извонреден, а Лионел Меси секогаш е на ниво. Ова е многу важно. Зборував со Меси да се грижи за себе и да игра помалку за Барселона, рече Тапија.

Претседателот на АФА додаде дека Аргентина предвидува да одигра контролна средба против „селекцијата на Каталонија“ во јуни, како дел од подготовките за СП 2018, но деталите за таков дуелот уште не се утврдени./МИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 17:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар