Алекс Ригсби и Никол Хенсли ја имаат „Статуата на слободата“ на своите шлемови, еден од најпопуларните американски симболи, што предизвика доста шпекулации.
Правилото бр. 50 на МОК гласи дека се забранети сите демонстрации и политичка, религиозна или расистичка пропаганда на сите објекти, настани или било какви места, кои се поврзани со Олимпијадата, како и дека никакви предмети не можат да содржат зборови или делови од текстови од национални химни, како и мотивациски или политички пораки.

Портпаролот на американскиот комитет сепак потврди дека МОК дал дозвола и нема да бидат казнети Американките поради „Статуата на слободата“.

Во првиот натпревар на голот на репрезентацијата на САД беше Маделин Руни, а освојувачките на сребрените медали од последната Олимпијада ја победија Финска со 3:1./MИА

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 17:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар