Новиот капитален објект на ФФМ ќе биде пуштен во употреба в четврток на 15 февруари.

Објектот во склоп на комплексот „Куќа на фудбалот“ во себе содржи сместувачки капацитет за учениците од ФФМ/УЕФА, елитната академија, за младите национални тимови, апартмани за селекторите и стручните тимови, како и заеднички простории - сала за состаноци, училници и заедничка кујна и трпезарија.

- Ова е прв објект од ваков вид во Македонија, а со отворањето се потврдува дека ФФМ работи согласно нејзината визија: Фудбалот на прво место, создаваме можности. Една од главните заложби на Фудбалската федерација на Македонија е да ја препознае и да го направи многу подобар „фудбалскиот живот“ на младите. Со посветеност и системска работа „Фудбалската академија“ веќе ги вреднува резултатите од својата студиска програма, но задача е постојано да се развиваат и унапредуваат содржините на програмата за работа на академијата и младинскиот фудбал, велат од ФФМ. 

Датум на објава: понеделник, 12 февруари 2018 во 13:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар