Вардарки покажаа одлична игра во одбрана и напад, а шампионот на Црна Гора не беше дораснат ривал.

Ова е деветти триумф по ред сезонава во елитното европско натпреварување за „црвено-црните“ и 29-ти меч по ред во кој се обезбедени бодови.

Вардар останува лидер на табелата во група 2 во главната фаза со 14 бода, и со најдобра гол разлика (+ 45) и најдобар напад (219 гола).

Пенезиќ со осум голови ја преводеше листата на стрелци, а кај Будиќност најпрецизна беше Брновиќ со шест гола.

Наредниот меч во Лигата на шампионите, Вардар го игра дома на почетокот на март, кога во Скопје гостува германски Битигхајм/МИА

Датум на објава: сабота, 10 февруари 2018 во 19:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар