Селтикс водеа со десет поени во средината на последната четвртина, но Визадс со серијата на Саторански  и Убре направија пресврт и стигнаа до водство од 91:92.

По неколку промашувања и на двете страни,  Бостон во продолженијата со тројката на Браун на минута и 45 секунди до крајот имаше водство од 108:103  што беше пресудно гостите да триумфираат.

Најефикасен кај Селтикс беше Ирвинг со 28 поени, додека кај Вашингтон најдобар беше Ото Портер со 27 поени.

Во останатите натпревари беа постигнати следните резултати:

Орландо Меџик - Атланта Хокс  100 : 98

Торонто Репторс - Њујорк Никс 113:88

Портланд Треилблејзерс  - Шарлот Хорнетс 109:103

Голден Стејт Вориорс - Далас Меврикс 121:103

Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома Сити Тандер 106:81 

Датум на објава: петок, 09 февруари 2018 во 09:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар