Како резултат на тоа, војната на институциите се продлабочи понатаму, а вчера претседателот на ИОК Томас Бах во директна изјава рече дека судот и раководството ќе бидат реформирани.

- Комисијата се запозна со одлуката на судот, но не ги добила причините за тоа. Решението не ги отстранува сомневањата за допинг и не гарантира дека тие се чисти, соопшти ИОК.

Во меѓувреме, голем студ владее во Пјонгчанг. На неколку дена пред отворањето на Олимпијадата температурите се спуштија на минус 19, а поради ветерот се чувствува како да е минус 27.

Ваквите услови им пречат на голем број учесници, особено во биатлонците. /МИА

Датум на објава: понеделник, 05 февруари 2018 во 10:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар