Форфанг со скокови од 147,5 и 144,5 метри и освоени 271,4 бода се искачи на највисокото место на подиумот, првпат по пауза од две години.
Полјакот Камил Штох беше втор со 145,5 и 140,5 метри и вкупно 269,4 поени. 

Третото место му припадна на уште еден претставник на Полска – Пјотр Жила со 142,0 и 138,5 метри и вкупно 245,1 поени.

Во генералниот пласман Штох води со 863 поени, пред Ричард Фрајтаг со 820 поени и Андреас Велингер (Германија) 736.

Следува пауза во Светскиот куп поради Зимските олимписки игри кои почнуваат следниот викенд во Пјонгчанг, Јужна Кореја. 

Датум на објава: недела, 04 февруари 2018 во 16:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар