Тој додаде дека натпреварувачите ќе добијат компензации исти како што вообичаено Москва ги наградува олимпијците кои добиле медали.

Меѓународниот олимписки комитет им забрани на руските натпреварувачи настап на ЗОИ по наоди од допинг тестови. МОК официјално им забрани настап на 169 руски натпреварувачи на ЗОИ во Пјонгчанг што треба да се одржат идниот месец. Тие може да се натпреваруваат под неутрално знаме како „Олимписки натпреварувачи од Русија“.

Весникот „Известија“ објави оваа недела дека алтернативните натпревари за натпреварувачите на кои им е забрането да учествуваат на ЗОИ ќе се одржат во Сочи, каде во 2014 година се одржаа ЗОИ./МИА

Датум на објава: среда, 31 јануари 2018 во 17:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар