Харден средбата ја заврши со 11 асистенции и 10 скокови.
Популарниот „Брада“ со 60-те поени постави нов личен рекорд.

Тој шутираше со 63,3 проценти од поле, додека од линијата за слободни фрлања имаше 17 реализирани од 18 обиди.

Хјустон го доби натпреварот со 114:107 по што остана на 2.место во Западната конференција со 36 победи и 13 порази. Лидер е Голден Стејт Вориорс со ефект 40-11.

коментари

остави коментар