Македонскиот Олимписки Комитет денеска информира дека боите на Македонија на зимската олимпијада ќе ги бранат: Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма), Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма) и Викторија Тодоровска – крос кантри / дисциплина 10 км/.

Македонската олимписка делегација за Пјонгчанг заминува на 7 февруари, а два дена претходно ќе биде направена и свечената презентација на спортистите, информираат од МОК.

Спортистите ќе бидат сместени во две олимписки села и тоа Пјонгчанг каде што ќе бидат сместени македонските спортисти и Гангнеунг.

На Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 држави односно Национални олимписки комитети и тоа во 7 спортови, 15 спортски дисциплини и во 102 спортска натпреварувања.

23-те Зимски Олимписки игри ќе започнат на 9-ти февруари и ќе траат две седмици, односно до 25 февруари, за кога е закажано и свеченото затварање./MИА

Датум на објава: вторник, 30 јануари 2018 во 18:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар