Сите 15 македонски претставници ги загубија борбите во првото или второто коло.

Бошко Заборски тренерот на Макпетрол изјави дека овој турнир бил многу силен и дека сите држави бележат сериозен напредок.

- Тоа што можевме да забележиме е дека сите држави направиле многу сериозен и професионален пристап, тие извршиле  комплетна мобилизација на сите свои потенцијали и на овие турнири сега имаат право да учествуваат само најдобрите 64 спортисти во секоја тежинска категорија. Генерален заклучок е дека повеќе нема аутсајдери и секоја борба преставува финале за себе. Македонија и сите држави од Балканот, повторно се без медал од овие натпревари, но и сите светски и европски држави заостануваат, сега веќе видно пред доминантните: Јапонија, Франција, Иран и Египет, изјави Заборски.

Следен турнир на кој ќе настапат македонскиот каратисти е на 7 февруари во Гвадалхара, Шпанија./МИА

Датум на објава: понеделник, 29 јануари 2018 во 10:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар