Така, секој играч од победничката екипа ќе добие по 100.000 долари, во претходните изданија таа сума изнесуваше 50.000.
Играчите од поразената екипа ќе добијат по 25.000 долари.

Задоволни од вредните награди се и кошаркарите. Кајри Ирвинг од Бостон Селтик смета дека зголемениот паричен фонд за награди натпреварот ќе го направи поинтересен и дека покрај забавата ќе има и квалитетна кошарка.

Годинашниот собир на „Сите ѕвезди“  во најсилната кошаркарска лига на светот ќе биде на 18 февруари во „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес./MИА

Датум на објава: понеделник, 29 јануари 2018 во 10:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар