Со малку поени и цврсто во одбрана се играше на почетокот на средбата, но петте поени во низа на Кристијан Николов донесоа прво повисоко водство за Македонија. Андреј Магдевски играше одличен натпревар, а со неговата тројка пред крајот на првата четвртина, нашата репрезентација за прв пат поведе со двоцифрена разлика (20:10). На полувреме избраниците на селекторот Мирза Куртовиќ имаа предност од 13 поени (35:22).

Во второто полувреме шанса за настап добија повеќе македонски кошаркари кои даваа одлична поддршка на најдобрите, Магдевски и Николов.

Унгарија во ниту еден момент не успеа резултатски да се доближи и да ја загрози првата победа на Македонија.

Со 23 поени, 9 скокови и 7 асистенции, Андреј Магдевски беше најефикасен кошаркар во нашиот тим.

- Тешко беше да се издржи притисокот од првиот натпревар и императивот кој го имавме за победа. Презадоволен сум од играта и залагањето на целиот состав и мислам дека заслужено победивме. Сигурно дека поослободени ќе влеземе во секој нареден натпревар и мислам дека допрва ќе доаѓа нашето најдобро, изјави селекторот Куртовиќ.

Утре Македонија е слободна, додека в сабота игра со Данска.
Вчера на ЕП во Струмица за кошаркари до 18 години Б -дивизија се одигра 1 коло .

Постигнати резултати во четирите групи:

А група: Македонија - Унгарија со 76:64, Финска - Данска со 64:43.
Слободна во ова коло беше Полска.
Табела А група: Финска 2 бода, Македонија 2, Унгарија 1, Данска 1, Полска 0.

Б група: Норвешка - Германија 57:68, Австрија - Холандија 45:65 и Грузија - Естонија 57:73.
Табела: Холандија 2 бода, Естонија 2, Германија 2, Норвешка 1, Грузија 1, Австрија 1.

Ц група: Шкотска - Израел 27:86, Словачка - Романија 75:76 и Шведска - Швајцарија 98:47.
Табела: Израел 2 бода, Шведска 2, Романија 2, Словачка 1, Швајцарија 1, Шкотска 1.

Д група: Португалија - Белорусија 74:68 и Белгија - Луксембург 102:50.
Слободна беше Црна Гора.
Табела: Белгија 2, Португалија 2, Белорусија 1, Луксембург 1, Црна Гора 0.

Денеска се играат натпреварите од 2.коло.

Датум на објава: петок, 19 јули 2013 во 09:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар