Ова беше натпревар од 14.коло во кое Карпош Соколи само на „хартија“ беше домаќин бидејќи дуелот се одигра во салата во Куманово. Фавориот Куманово без поголеми проблеми го „скрши“ отпорот на противникот.

Најефикасни на дуелот беа играчите на Куманово Адем Мекиќ и Ненад Стојановски со по 16 поени.

На првиот дуел од 14.коло одигран попладнево МЗТ Скопје ја совлада Струмица со 96:54.

Утре се играат натпреварите: Блокотехна - Шкупи, Гостивар - Пелистер, АВ Охрид - Фени Индустри и Работнички - Кожув.

Табела: Работнички 26 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 25, Блокотехна 24, Куманово 23, Гостивар 21, Охрид 19, Фени Индустри 19, Карпош Соколи 19, Кожув 17, Пелистер 16, Струмица 16, Шкупи 15./МИА

Датум на објава: петок, 26 јануари 2018 во 20:55
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар