Федерер без многу мака го доби натпреварот со сензационалниот полуфиналист 21-годишниот Хион Чунг од Јужна Кореја кој поради повреда го предаде натпреварот во вториот сет.

Федерер експресно го доби првиот сет, препуштајќи ми на противникот само еден гем, односно со 6-1. Во вториот беа одиграни седум гема, а Чунг при водство на Федерер од 5-2, принудно се повлече од натпреварот.

Со тоа Роџер Федерер се пласира во своето седмо финале на Австралија опен, каде досега има освоено пет трофеи, а единствениот пораз му беше во 2009 година,кога по речиси четири часа игра го загуби мечот со Рафаел Надал со 3-2.

Во финалето закажано за в недела, Федерер ќе игра против Хрватот, Марин Чилиќ.
Утре во женското финале за трофејот на Австралија опен ќе се борат првите две носителки Симона Халеп од Романија и Каролине Возњацки од Данска.

Датум на објава: петок, 26 јануари 2018 во 11:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар