Крафорд (висок 168 см.) доаѓа на инсистирање на тренерот Жељко Лукајиќ, кој изминатиов период напорно бараше соодветно решение за овој клучен дел од тимот.

Желбата на првиот стратег на „металците“, кој од не така големиот избор на пазарот се реши токму за него, беше главната причина управата на клубот да му даде шанса на Крафорд и да го ангажира за периодот кој следува.

Американецот доаѓа од НБА Џи-лигата (поранешна НБДЛ), каде што настапуваше за екипата на Мемфис хасл и тоа со двоцифрен поентерски учинок во повеќе од половина од одиграните мечеви. Претходно, има играно за Вестчестер никс, а универзитетскиот дел од кариерата го мина настапувајќи за Боулинг грин колеџот. Во сезоната 2014/15 настапуваше во Северен Кипар за екипата на Мапфри лајф.

Крафорд нема право да игра на средбите во АБА-лигата со што што веќе е завршен рокот за регистрирање нови играчи во регионалното натпреварување, но ќе биде од помош за аеродромци во борбата за трофеите во првенството и националниот куп. 

Датум на објава: четврток, 25 јануари 2018 во 13:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар