Тој денеска во првото полуфинале го победи Британецот Кајл Едмунд со максимални 3-0, по сетови 6:2, 7:6 и 6:2.

За Чилиќ ова ќе биде второто финале на Грен слем турнирите. Првото го играше во Њујорк 2014 година на УС опен кога стигна до трофејот.

Противник на Хрватот во завршниот меч во Мелбурн ќе биде подобриот од пресметката Роџер Федерер (Швајцарија) - Хјеон Чунг (Јужна Кореја).
Финалето е закажано за в недела. 

Датум на објава: четврток, 25 јануари 2018 во 13:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар