Неизвеснота околу неговото отсуство од терените не траеше долго, откако по направените прегледи е константирано дека ќе пропушти три недели.

Надал и според неговата програма следниот настап го имаше пријавено на турнир во Мексико на 26 февруари, што значи дека паузата ќе ја надополни и со рехабилитација од повредата.

Надал нема да настапи за Шпанија во Дејвис купот против Велика Британија, но тој настапот на овој натпревар го откажа и порано.

Независно од тоа кој ќе победи на Австралија Опен, 31-годишниот Надал ќе биде број 1 на АТП листата што ќе биде објавена во понеделник./MИА

Датум на објава: среда, 24 јануари 2018 во 16:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар