За прв пат се избираше по новите правила. Навивачите, медиумите и играчите ги избраа капитените Леброн Џејмс од Исток и Стеф кари на Запад, додека тренерите одлучија за останатите меѓу кои не се ѕвездите како Крис Пол, Андре Драмонд, Пол Џорџ, Кемба Вокер,...

Од Исток се повикани: Кајл Лаури (Торонто), Џон Вол (Вашингтон), Бредли Бил (Вашингтон), Виктор Оладипо (Индијана), Кевин Лав (Кливленд), Кристапс Порзингис (Њујорк) и Ал Хорфорд (Бостон).

Од Запад повик добија Демијан Лилард (Портланд), Клеј Томпсон (Голден Стејт), Џими Батлер (Минесота), Расел Вестбрук (Оклахома), Дрејмонд Грин (Голден Стејт), Карл-Ентони Таунс (Минесота) и Ламаркус Олдриџ (Сан Антонио).

За прв пат нема да има класичен дуел Исток против Запад, туку капитените Џејмс и Кари ќе бираат петорки во конкуренција на Јанис Адетокумбо (Милвоки), Кевин Дурант (Голден Стејт Вориорс), Демар Дерозан (Торонто), Кајри Ирвинг (Кливленд), Демаркус Казинс (Њу Орлеанс), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Џејмс Харден (Хјустон) и Џоел Ембид (Филаделфија).

„Ол Стар“ натпреварот е на програмата на 18 февруари во „Стејплс Центарот“. 

Датум на објава: среда, 24 јануари 2018 во 10:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар