Џејмс ноќеска во поразот од Сан Антонио, за Кливленд постигна 28 поени и влезе во „Клубот 30.000“.

Тој до ова достигнување доаѓа на 33 години и 23 дена. До сега во неговата НБА кариера има постигнато точно 30.021 поен.

Пред него на вечната листа на стрелци се шест кошаркари. Карим Абдул-Џабар со 38.387 поени, Карл Мелоун (36.928), Коби Брајант (33.643), Мајкл Џордан (32.292), Вилт Чемберлен (31.419) и Дирк Новицки (30.837). 

Датум на објава: среда, 24 јануари 2018 во 09:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар