Во сингл денеска тој беше подобар од квалификантот Шунсуке Вакита од Јапонија со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3 во гемови) за 80 минути игра.

За Јотовски ова е втора победа во два меча над Вакита, а нашиот тенисер имаше шест брејк топки од осум можности. Во следното коло ќе игра против победникот од мечот Серхи Перез Контри (Шпанија) и Пол Толедо Баке (Шпанија, трет носител).

Во игра на двојки заедно со Милош Николиќ од Србија загубија со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2) од Кристијан Карли и Николо Туркети од Италија (трети носители)./МИА

Датум на објава: вторник, 23 јануари 2018 во 16:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар