Тој е санкциониран според новите правила донесени со цел да се ограничи учеството на повредени играчи кои го почнуваат мечот, а потоа се откажуваат за време на натпреварот.

Казната е рекордна за Грен слем турнирот во Мелбурн.

Миша Зверев пристигна во Мелбурн со повреда, но сепак излезе на теренот во првиот круг против Чун од Кореја и по 2:6 и 1:4 во вториот сет го предаде мечот.

За самото учество во 1.коло тој заработи 60 илјади долари.

Новото правило, наречено „Учество во првиот круг“ вели дека тенисерите ќе бидат парично казнети ако не се претстави во согласност со „професионалните стандарди“.

Ако играчот се откаже пред почетокот на турнирот, тој добива половина од наградниот фонд за учество во првиот круг. Играчот кој доаѓа на негово место, го зема другиот дел.

Често пати повредени тенисери се појавуваа на теренот само поради наградата за учество, а потоа ги предаваа мечевите. Токму поради ова појава е донесено новото правило. 

Датум на објава: вторник, 23 јануари 2018 во 13:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар