Во дербито на Западната конференција, Хјустон на домашен терен го совладаа шампионот Голден Стејт со 116-108.

„Ракетите“ во текот на целиот натпревар имаа предност и на крајот сосема заслужено стигнаа до 32-та победа сезонва. Крис Пол средбата ја заврши со „дабл-дабл“ учинок од 33 поени и 11 скока, додека Џејмс Харден придодаде 22 за победникот. Кај Голден Стејт најефикасен беше Кевин Дурант со 26 поени.

Триото Џорџ-Ентони-Вестрбук го предводеше тимот на Оклахома до победата против вицепрвакот Кливледн со 148-124. 

Пол Џорџ средбата ја заврши со 36 поени, Кармело Ентони придодаде 29 поени, а на Расел Вестбрук му недостасуваше еден скок за да оствари „трип-дабл“ бидејќи во својата статистика впиша 23 поени, 20 асистенции и девет скока.

На спротивната страна најефикасен беше Ајзеа Томас кој постигна 24 поени, додека Леброн Џејмс средбата ја заврши со 18.

На Џејм сега му недостасуваат уште седум поени за да стигне до бројката од вкупно 30.000 поени во кариерата./МИА

Датум на објава: недела, 21 јануари 2018 во 16:22
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар