Дербото се играше во Торонто каде гостуваше Сан Антонио, а го добија домашните кошаркари со 86-83.

До 31-та победа „Репторси“ ги предводеа Кајл Лаури со 24 и ДеМар ДеРозен кој средбата ја заврши со 21 поени. Со оваа победа Торонто ја прекинаа низата од четири порази во дуелите со Сан Антонио и за прв пат по повеќе од две години се радуваа на меч против „Спарси“.

Интересен меч одиграа Јута и Њујорк кој им припадна на гостите со 115-117 а победи на гостински терен остварија и Вашингтон кој постигна 45 поени во третата четвртина во троумфот од 122-112 над Детроит, како и Феникс кој со 108-100 се радуваше на теренот на Денвер.

Три натпревари завршија со победи на домашните тимови. Бруклин го совлада  Мајами со 101-95, Мемфис беше подобар од Сакраменто со 106-88, а ЛА Лејкерс ја најдигра Индијана и славеше победа со 99-86.

Ноќеска во НБА лигата ќе се играат нови десет средби, меѓу кои и два дерби дуели. Хјустон го пречекува шампионот Голден Стејт, а вицепрвакот Кливленд игра против Оклахома./МИА

Датум на објава: сабота, 20 јануари 2018 во 11:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар