- Проблемот е што на крајот кога топката не сака да влезе, станува многу тешко. Ние не го заслуживме ова. Можете да ги правите работите на добар или лош начин, но кога топката не сака да влезе, тоа е комплицирано. Таа едноставно не сака да влезе, рече Зидан.

Французинот е загрижен дека по вакви натпревари самодовербата кај играчите дополнително опаѓа.

- Во се толку негативно, треба да го бараме позитивното. Психолошки тоа не е лесно. Момчињата не престануваат да трчаат, се борат. Мојата порака е да продолжат да работам. Во фудбалот понекогаш има лоши серии и сите ние треба заедно да се справиме со тоа. Не се согласувам со критиките за играта. Да, резултатите се многу негативни, но тоа ќе се промени. Кога ќе победиме, се ќе се промени, потенцира Зидан

Датум на објава: недела, 14 јануари 2018 во 11:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар