На средбата која се одигра вечерва во Москва, составот на Реал го совлада Химки со 95-78.

Најефикасен со 16 поени во победничката екипа беше Руди Фернандез, додека кај поразените, а воедно и на натпреварот  најефикасен беше Алексеј Швед со постигнати 23 поени.

На мечот во Истанбул, Анадолу Ефес ја совлада белградска Црвена звезда со 104-95.

Поради повреда на овој меч кај црвено-белите не настапи македонскиот интернационалец Перо Антиќ.

Неизвесен до самиот финиш беше на дуелот во Каунас, каде Жалгирис минимално  со 79-77 ја победи Уникаха.

Колото ќе биде комплетирано со дуелот меѓу Басконија и Олимпијакос. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 21:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар