Уште на стартот, ќе бидат одиграни два дерби дуели. Вечерва во Леверкузен, екипата на Баер, кој е на четвртото место, го пречекува актуелниот првак и лидер на табелата минхенски Баерн.

Ова е воведниот меч од 18. коло на Бундес лигата, кое утре ќе ја понуди и втората дерби средба во која тимот на РБ Лајпциг ќе ги угости фудбалерите на Шалке.

Од екипите кои претендираат за највисок пласман и настап на европската сцена следната сезона, Борусија Дортмунд го пречекува Волфсбург, а Борусија Менхенгладбах му гостува на Келн.

По 17-те одиграни кола во првиот дел, лидерот Баерн Минхен создаде голема предност во одност на останатите. Баварците имаа 41 бод, дури 11 повеќе од второпласираниот Шалке (30 бодови), по кој следуваа: Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен, РБ Лајпциг и Борусија Менхенгладбах со по 28 бодови. /МИА

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 19:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар