Фаворитите за највисок пласман, возачите на Пежо, Стефан Петерхансел и Карлос Саинц се на првите две позиции во генералниот поредок. Шпанецот, Сајнц кој победи на шестата етпа сега има 27 минути и 10 секунди послаб резултат од лидерот и актуелен шампион од минатата година Петерхансел од Франција.

Со повеќе од еден час и дваесетина минути заостанување, зад тандемот на Пежо, се возачите на Тојота, Холанѓанецот, Бернард Тен Брике (+ 1:20:41) и Насер Ал Атијах од Катар (+1:24:20).

Далеку поголема е неизвесноста во конкуренција на мотоциклисти, каде седуммина натпреварувачи се во само десет минути разлика.

Лидер во генералниот пласман е Аргентинецот Кевин Бенавидес на Хонда, кој има вкупно време до 16 часа 33 минути и 20 секунди, што е за една минута и 57 секунди подобар резултат од второ пласираниот Французин, Адриен Ван Беверен на Јамаха, односно трето рангираниот Австриец, Матиас Валкер на КТМ кој заостанува две минути и 50 секунди.

Следната седма етапа ќе се вози повторно низ Боливија, од Ла Паз до Ујуни во вкупна должина од 727 километри. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 11:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар