Уште на полувремето домашниот тим создаде голема предност од 25 поени, која во вториот дел постепено и ја зголемуваше, за на крајот „Репторси“ да слават со убедливи 34 поени разлика. Дури седуммина играчи на Торонто средбата ја завршија со двоцифрен број на постигнати поени. Најмногу постигна Фред Ван Влет 22 што е негов рекорд во кариерата, додека забележителен настап имаше и Литванецот, Јонас Валанчиунас со дабл-дабл учинок од 15 поени и 18 скокови, најмногу сезонава.

На Кливленд не му помогна ниту Леброн Џејмс кој со 26 поени беше најефикасен на натпреварот. За Кливленд ова беше шести пораз на последните осум натпревари, со што „Кавси“ паднаа на третата позиција на табелата во Источната конференција, зад Бостон и синоќешниот противник Торонто.
На другите две средби одиграни ноќеска победи остварија двете екипи од Лос Анџелес.

„Клиперси“ во ефикасен натпревар го совладаа Сакраменто на гостински терен со 121-115, додека „Лејкерси“ пред своите симпатизери славеа победа над Сан Антонио со 93-81. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 10:19
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар