Актуелниот првак Фенербахче славеше на гостувањето кај шпанскиот шампион Валенсија со 88-67.

Лидерот на табелата московска ЦСКА ја забележа најубедливата победа совладувајќи го Армани во Милано со 107-81.

Во Атина, Панатинаикос беше подобар од Барселона со 84-75, додека најнеизвесниот натпревар се одигра во Тел Авив каде Макеби минимално со 90-88 го победи германскиот шампион Бамберг.

Денеска на програмата се преостанатите четири средби од оваа рунда, а двојките се: Химки - Реал Мадрид, Анадолу Ефес - Црвена ѕвезда, Жалгирис – Уникаха и Басконија – Олимпијакос. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 10:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар