Со овој триумф „металците“ се пробија на третото место на табелата откако ја постигнаа и осмата победа. На првите две места се наоѓаат Работнички со скор (11-0) и Блокотехна со скор (9-2).

Разликата во квалитет на вечерашниот дуел беше евидентна и МЗТ Скопје без проблем стигна до победата. Најефикасен на дуелот беше Бојан Трајковски со 23 поени.

Тренерот на МЗТ Скопје Жељко Лукајиќ на овој натпревар шанса да настапат им даде и на младинците од редовите на МЗТ Скопје Андреј Настовски (2 поена и 2 асистенции) и Леонид Тодоровски (2 скока)./МИА

Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 20:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар