Во меч од првата рунда Јотовски и Николиќ беа подобри од Шпанците Рафаел Изкуеро Луке и Николас Алварез Варона, кои ги победија со 2:0 во сетови.

Првиот сет Јотовски и Николиќ го добија експресно за 22 минути игра, притоа препуштајќи им на противниците само еден гем, односно со резултат 6-1.

Затоа, пак, во вториот беа одиграни дванаесет гема, за на крајот македонско-српската комбинација да го добие сетот со 7-5.

Во следната рунда за противници ќе ги имаат првите носители на овој турнир, Италијанците Марко Бортолоти и Џулијан Оклепо кои денеска беа подобри од сонародниците Морис Трокер и Александар Веис со 2:0 по сетови 6-2 и 6-0.

Јотовски го очекува и вториот меч во поединечна конкуренција во кој за противник во второ коло ќе го има Тунижанец Мохамед Али Белалуна./MИА

Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 20:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар