Тренингот го водеше Раул Гонзалез, кој е воедно и селектор на македонската репрезентација, но тој од четврток ќе биде на Европското првенство во Хрватска.
- Во лигата на шампионите сме во добра ситуација имаме три бодови предност од Нант, но сега ни следуваат натпреварите со Барселона и со Нант на гостински терен. Мора целата екипа да биде во добра форма, изјави Раул за клупскиот сајт.

„Црвено-црните“ сезоната ја завршија без пораз во Лигата на шампионите, а во СЕХА лигата имаат максимални 11 победи. Во Лигата на шампионите Вардар има да одигра уште четири натпревари од групната фаза и веќе има обезбедено пласман во осминафиналето, но целта е првото место во групата и директен пласман во четвртфиналето.

По завршувањето на ЕП во Хрвтска, Вардар првиот натпревар го игра на гости на 2.февруари против Мешков Брест, додека на 10.февруари е дуелот на гости од ЛШ против Барселона./MИА

Датум на објава: вторник, 09 јануари 2018 во 22:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар