Доленец имаше повреда на менискус и му беше извршена операција во ноември минатата година. По прегледите направени деновиве во Барселона тој доби забрана за играње натпревари особено што напорите на Европското првенство се големи и се игра секој втор ден.

Доленец оваа сезона дојде во редовите на Барселона на местото на капитенот на нашата репрезентација Кирил Лазаров.

Малку добри вести за селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ е можноста за настап на Вид Кавтичник (истотака десен бек и повреден), но најверојатно нема да биде во комбинација на првиот дуел против Македонија на 13.јануари./МИА

Датум на објава: вторник, 09 јануари 2018 во 20:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар