Компанијата „Ингра“ која ја изгради „Арена Загреб“ се закани дека вратите од салата ќе останат затворени за натпреварите од Европскиот шампионат.
Според хрватските медиуми град Загреб нема платено за користење на „Арена“, а притоа има долг и од Светското првенство од 2009 година од околу 200.000 евра.

Во првата фаза од шампионатот во Загреб ќе се играат натпреварите од групата Ц каде покрај македонската репрезентација се наоѓаат уште селекциите на Црна Гора, Словенија и на европскиот шампион Германија.

Во втората фаза натпреварите треба да ги игра и домаќинот Хрватска, а во оваа сала која е и со најголем капацитет 15.000 места ќе се игра завршницата.
„Арена Загреб“ е отворена во 2008 година и нејзината изградба чинеше 87 милиони евра./МИА

Датум на објава: вторник, 09 јануари 2018 во 20:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар