Иако Надал имаше неуспешен настап на егзибицискиот турнир во Кујонг, тој сепак е задоволен неговата состојба.

- Тоа беше добар тест и добар тренинг за мене. Добро сум и тоа е добра вест. Идејата ми е само да продолжам да тренирам во наредните денови, за да бидам подготвен за почетокот на „Австралија опен“, изјави Надал.

Надал нема играно од 13 ноември минатата година кога се повлече од Мастерсот во Лондон поради повреда на коленото.

- Годината беше долга, па затоа почнав со подготовките за новата сезона малку подоцна од вообичаено. Убаво е што почнав да го чувствувам ритамот на играта во натпревар, макар тој да не е официјален, додаде Надал.

Шпанецот претходно ги откажа настапите на турнирите во Абу Даби и во Бризбејн.
Грен слемот Австралија опен почнува на 15 јануари. 

Датум на објава: вторник, 09 јануари 2018 во 09:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар