Првата етапа која се возеше од Лима до Писко, кај мотоциклистите прв ја заврши бранителот на шампионскиот трофеј од лани Британецот Сем Сандерс кој со својот мотор КТМ, 242-та километри ги мина за 33 секунди побрзо од Французинот, Адриен Ван Беверли на Јамаха, односно за 56.секунди беше побрз од трето пласираниот Пабло Кунтиња од Чиле.

Во конкуренција на автомобили, најдобри беа членовите на Тојота, Насер Ал Атијах од Катар и Холанѓанецот, Бернард Тен Бринке.

Шампионот од минатата година Стефан Петерхансел со своето Пежо заостана две минути и 15 секунди и етапата ја заврши на 11 место.

Првата етапа не ја завршија четири од 92-та автомобили колку стартуваа, додека кај мотоциклите тројца не стигнаа на целта.

Денеска ќе се вози втората специјална етапа околу перуанскиот град Писко. /МИА

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 12:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар