Вицепрвакот Кливленд славеше победа против Орландо од 127-131. Решавачка беше третата четвртина која „Кавси“ ја добија со 40-23. На Леброн Џејмс му недостасуваше една асистенција да оствари „трипл-дабил“, па средбата ја заврши со 33 поени, 10 скока и девет асистенции.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Бостон и Бруклин во кој „Селтикси“ остварија победа со 87-85, благодарение на најрасположениот свој играч Кајри Ирвинг кој постигна 21 поен.

Неочекуван пораз претрпе второпласираниот тим на Западот, Хјустон, кој загуби на гости кај Детроит со 108-101.

На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Индијана - Чикаго 125:86, Орландо - Кливленд 127:131, Вашингтон - Милвоки 103:110, Минесота - Њу Орлеанс 116:98 и Сакраменто - Денвер 106:98. /МИА

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 11:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар