Маркус Смарт беше најефикасен во победничкиот тим со 18 поени, но Кајри Ирвинг беше најкористен со  учинок од 16 поени, девет скокови и осум асистенции.

Кај Минесота, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Ентони Таунс кој постигна 25 поени.

Најнеизвесниот меч го одиграа Мајами и Њујорк, а беше решен по дополнителните пет минути по кои домаќините се радуваа на победа со 107-103. Вејн Елингтон ги предводеше „жешките“ до победа со 24 поени, а Горан Драгиќ придодаде 19. Кај гостите најефикасен беше Картни Ли со 24 поени.
Во Торонто домашниот тим го совлада Милвоки со убедливи 129:110. 

Датум на објава: сабота, 06 јануари 2018 во 13:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар