Германија ја совлада Канада, а Белгија беше поуспешна од домаќинот Австралија.

Во дуелот Германија – Канада, во натпреварот кај мажите Александер Зверев со 2-0 во сетови го победи Вашек Поспишил, а Алжелик Кербер беше подобра со истиот резултат од Јуџин Бушар. Во игра на мешани двојки германската комбинација беше подобра со 2-0 во сетови.
Белгија ја совлада Австралија, откако Елисе Мертенс во натпреварот кај жените со 2-1 во сетови ја победи Дариа Гаврилова. Давид Гофан беше подобар со 2-0 во сетови од Танаси Кокинакис, додека во мешани двојки резултатот беше 2-1 во сетови за Белгија.
Германија е прва на табелата во групата Б со резултат 2-0 (победи-порази), Австралија и Белгија имаат 1-1, а Канада е последна без шанси за финале со 0-2. Во последното коло од исходот Германија – Австралија (се игра на 5 јануари) ќе зависи и победникот на групата, каде шанса за првата позиција има и Белгија.
Во групата Б победникот од натпреварот Швајцарија – САД што се игра утре ќе обезбеди финале бидејќи и двете селекции имаат по две победи./МИА

Датум на објава: среда, 03 јануари 2018 во 17:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар