Победија домаќините со 148:142, по две продолженија, откако основните 48 минути завршија нерешено 122:122, а по првите пет дополнителни минути беше 133:133..

Џејмс Харден заврши со дабл-дабл ефект (40 поени и 11 асистенции) го предводеше Хјустон до триумфот.

Најефикасен во тимот од Лос Анџелес беше Рендл со 29 поени, при тоа забележа и 15 скока.

Хјустон е второ во пласманот на Западната конференција од НБА лигата со биланс 26-9 (победи-порази), додека Лејкерси се последни со ефект 11-24. /МИА

Датум на објава: понеделник, 01 јануари 2018 во 13:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар