Храватскиот тим Задар беше поуспешен со 105:80 во првиот натпревар од 14.коло и ја постигна седмата победа со која се проби на четвртото место на табелата.
МЗТ Скопје остана последен со само две победи и 12 порази.
На прес конференцијата по дуелот тренерот на „металците“ Жељко Лукајиќ изјави:

- Задар беше подобар и заслужено победи. Имаа добра одбрана и во нападот добро шутираа. Ние имавме проблеми со повреди. Во овој момент Задар има и подбра форма и игра. Ние баравме изненадување, но нашата реалност е дека мора да направиме добра анализа. Мора да го подобриме впечатокот барем до крајот на сезоната. Во овој момент не сме физички подготвени за денешната кошарка. Убеден сум дека играчите на МЗТ Скопје знаат да играат. Во одбрана да играме со малку повеќе „срце“ што ќе ни донесе повеќе позитвни резултати.

МЗТ Скопје на дуелот со Задар одигра лоша прва четврина, која ја загуби со 32:14, што се покажа како решавачко.

Следниот натпревар МЗТ Скопје Аеродорм го игра на домашен терен против Игокеа на 5.јануари (петок)./МИА

Датум на објава: сабота, 30 декември 2017 во 10:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар