Ѓоковиќ денес требаше да игра против Роберт Баутиста-Агут денес, но тој се повлече од турнирот по консултации со медицинскиот тим.

- Многу сум разочаран, бидејќи сум принуден да се повлечам од турнирот во Абу Даби. За жал, во последните неколку дена се врати болката во лактот. Лекарите ме советуваа да не ризикувам. Веднаш ќе продолжам со терапијата, рече српскиот тенисер.

Тој додаде дека бил многу тажен поради таквата одлука, бидејќи со нетрпение чекал да се врати на теренот. /МИА

Датум на објава: петок, 29 декември 2017 во 13:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар