Дербито ќе се игра во Истанбул, каде во реприза на полуфиналето од Фајнал-форот, актуелниот шампион Фенербахче го пречекува мадридски Реал.
Иако гостите од Мадрид се на шестата позиција на табелата и имаат бројни проблеми со повредени играчи, сепак предводени од младиот словенечки талент Лука Дончиќ, на последните три средби забележаа победи.
Шампионот Фенербахче игра променливо, а на последните три натпревари има два порази, па затоа е на 4. место на табелата со две победи помалку од лидерот ЦСКА Москва (11 победи 3 порази).
- Ќе играме против тим кој игра добра кошарка и покрај повредите. Иако се судрија со проблеми, сепа најдоа начин како да ги надминат и играат во добра форма. Ние, по нашата многу патрипа против Макаби, ќе мораме да одиграме многу подобро, особено поради фактот што играме пред нашата публика. Сакаме, со победа да им ја честитаме Новата Година на нашите навивачи, изјави тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ
Дебито меѓу Фенербахче и Реал Мадрид ќе се игра попладнево во терминот од 18 часот и 45 минути.
Во останатите три денешни натпревари ќе се сретнат Жалгирис - Олимпијакос, Макаби - Уникаха и Валенсија - Панатинаикос.
Утре на програмата се преостанатите четири натпревари./MИА

Датум на објава: четврток, 28 декември 2017 во 18:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар